19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрисел сака нови трговски разговори со САД

Брисел сака нови трговски разговори со САД

Раздвижување во трговскиот спор меѓу ЕУ и САД: Европската комисија сака да преговара за нов договор со владата во Вашингтон. ЕК претстави предлозите за таков мандат, но за да започнат преговорите, предлозите треба да биде потврдени од страна на Советот на ЕУ.

Двата мандати се однесуваат само за отстранување на индустриски царини и за регулаторните прашања, односно, не се предвидува склучување на сеопфатен трговски договор. Така земјоделството, климатските промени, правата на работниците, еколошките стандарди или пристапот на европските компании до пазарот на јавни набавки во САД ќе се пропуштат.

Некои од предлозите се однесуваат на оцена на сообразноста, а друг на укинување на давачките за индустриската стока. Разговорите се поврзани со заедничката изјава на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер и американскиот претседател Доналд Трамп од јули минатата година.

Комисијата очекува да преговара за трговски договор, посветен на укинувањето на царините врз индустриските стоки, со исклучок на земјоделските производи. Вториот договор за оценување на сообразноста ќе помогне за постигнување на целта за елиминирање на нетарифните бариери, така што ќе се олесни докажувањето од страна на компаниите дека нивните стоки ги исполнуваат техничките барања на двете земји.

ЕУ веќе воведе некои делови од заедничката изјава во јули. На пример, увозот на соја од САД во ЕУ порасна за 112 отсто од јули до декември 2018-та година за една година.

Сега САД е најголемиот снабдувач на семиња од соја за ЕУ ​​и наскоро ќе можат да го прошират дополнително својот пазар по одлуката на ЕК да преземе решавање на употребата на семе од соја од САД за биогорива.

Неодамнешните податоци покажуваат зголемување на природниот гас од САД во октомври и ноември 2018-та година. ЕУ е определи неколку области во кои сака доброволна соработка со САД за правните прашања што би довело до брзи и значајни резултати, се наведува во соопштението.

На овој начин ЕК се оддалечува од својата поранешна тврда линија – да се договара нов договор, само откако американскиот претседател Доналд Трамп ги поништи неодамна наметнатите давачки врз челикот и алуминиумот. Заканата на Трамп за нови царини за увозот на европските автомобили, исто така, остануваат во воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП