8 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПричина која ја расипува работната атмосфера

Причина која ја расипува работната атмосфера

Работната атмосфера најчесто ја расипуваат лошите хигиенски навики, покажаа истражувањата.

Всушност, тие најмногу им одат на нерви на 26 проценти од испитаниците, кои како најлоши ги истакнаа лошиот здив од устата, неуредниот тоалет, оставањето на трошки на масата и непријатните мириси на телото.

„Лошата миризба ги брка луѓето и го изолира смдливкото“, заклучил еден од испитаниците.

Анкетата, која опфатила 1.500 испитаници, покажала дека веднаш зад непријатните миризби се наоѓаат несмасните и прости коментари, озборувањето, мешањето во приватните животи и неоснованото подбуцнување (25 проценти).

Според анкетата, 18 проценти од испитаниците како иритирачко однесување го издвоиле сметањето во работата и прегласното зборување на телефон, додека постојаното мљацкање и грицкање е вознемирувачко за осум проценти од испитаниците.

Испитаниците се револтирани и од прегласното слушање музика (3 проценти), додека и претерувањето со силните парфеми им оди на нерви на два проценти од испитаниците.

„Парфемот служи за вечерните излегувања, за време на работа може да се употреби некој полесен парфем или дезодоранс. Да сакав да работам во парфимерија, тогаш ќе побарав работно место таму“, изјавила една испитаничка на која и пречи силниот мирис на парфем во канцеларија.

Внимавајте на овие нешта за да не ја расипете работната атмосфера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП