19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ќе инвестира во соларни централи во Тенеси и во Алабама

Google ќе инвестира во соларни централи во Тенеси и во Алабама

Американската технолошка компанија „Google“ планира да инвестира во соларни фарми во американските држави Тенеси и Алабама по договор со властите во долината на Тенеси.

„Google“ објави дека ќе купи 413 мегавати капацитети произведени од 1,6 милиони соларни панели во неколку нови соларни централи во Тенеси и Алабама со вкупна површина колку 65.000 домашни системи на покриви.

Двете најголеми ќе можат да произведуваат околу 150 мегавати во Холивуд, Алабама и Џум Џум, Тенеси.

Компанијата гради дата-центри во Кларксвил, Тенеси и Џексон Каунти, Алабама и планира да обезбедува 72% од употребената енергија на час преку чисти извори на енергија во поддршка на поставената цел за деноноќно без јаглероден електрицитет.

Портпаролот на властите во долината на Тенеси, Скот Брукс рече дека договорот покажува дека федералните напори за воведување на комунални услуги со обновлива енергија помагаат за привлекувањето и задржувањето на водечките компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП