26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблеми за Google во Франција

Проблеми за Google во Франција

google1

Француската агенција за заштита на податоци (CNIL) во четвртокот му нареди на интернет гигантот „Google“ да ја промени својата политика за приватноста или во спротивно ќе мора да плати парична казна, а ова е најнов обид на европските власти да ја наведат американската компанија да ги разјасни своите намени и методи за собирање на податоци од корисниците.

Агенцијата CNIL соопшти дека таа политика на „Google“ за приватноста ги крши француските закони и и даде рок на компанијата од три месеци да изврши промени или ќе се соочи со парична казна од 150.000 евра, додека пак, тој износ ќе порасне на 300.000 евра ако „Google“ не реагира на првото предупредување, пренесува Ројтерс.

Во соопштението се наведува дека уште пет европски земји превземаат вакви мерки, а Шпанија пак, веќе се придржува до првиот бран на мерки против „Google“, а се очекува во наредните неколку недели исти мерки да преземат и Британија, Германија, Италија и Холандија.

Официјален Париз му даде на „Google“ три месеци да ги изврши потребните промени на својата политика за приватноста, така што на корисниците ќе им биде објаснето во кои цели ќе бидат користени нивните лични податоци.

Доколку тоа не го стори, „Google“ би можел да се соочи со казна од дури 300.000 евра во Франција, а износот би можел да порасне на неколку милиони доколку казна одредат сите шест споменати европски држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП