29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Трамп ја откажа делегацијата на Светскиот економски форум во Давос

Претставниците на администрацијата на Трамп нема да отпатуваат на Светскиот економски форум во Давос овој месец, во контекст на делумната блокада на владата, пренесува „Брејтбарт“.

Претседателот Доналд Трамп неодамна објави дека нема да патува во Давос, а во четвртокот објави дека го откажал патувањето и за остатокот од делегацијата на САД на настанот.

„Од почит кон 800.000 прекрасни американски работници кои не добиваат плата и за да ги увери дека неговиот тим може да помогне кога е потребно, претседателот Трамп ја откажа посетата на делегацијата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија”, рече секретарот за печат на Белата куќа, Сара Сандерс, доцна во четвртокот.

Најавата дојде само неколку часа откако Трамп го откажа патувањето на делегација на демократите на Блискиот Исток, која требаше да замине од четвртокот попладне. Спикерот Ненси Пелоси беше во делегацијата на демократите кои требаше да патуваат додека 800.000 федерални работници се на принуден одмор за време на делумната блокада на владата.

Демократското конгресно раководство одби да преговара и неодамна не беше на состанокот во Белата куќа за финансирање на граничниот ѕид и безбедноста и за одблокирање на владата.

Пред само два дена Белата куќа објави листа со претседателска делегација за во Давос, која беше обновена за да го одрази отсуството на Трамп и на неа, меѓу другите, беа секретарот на трезорот Стив Мнучин, државниот секретар Мајк Помпео и секретарот за трговија Вилбур Рос.

Светскиот економски форум во Давос ќе трае од 22 до 25 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП