27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТој му откажа на Стив Џобс, а можеше да печали милиони

Тој му откажа на Стив Џобс, а можеше да печали милиони

Richard-Sapper_portrait

Ричард Сапер е 81-годишен германски дизајнер кој создава прекрасни производи речиси 60 години. Тој во областа на дизајнот освоил повеќе светски награди. Покрај неверојатната кариера, сепак Сапер жали за едно нешто.

Тој можел да работи во „Apple“ на местото кое во моментов го зазема Џони Ив, но го одбил Стив Џобс.

Сапер започнал да работи во „Daimler Benz“ во Штутгарт. Потоа отворил свое ателје во Милано за да биде консултант на брендови како „Fiat“ и „Brionvega“. Во „Brionvega“ Сапер дизајнира електроника и телевизори. Некои од неговите најдобри достигнувања се дизајнот на една од најдобро продаваните светилки на сите времиња „Tizio“ и компјутерот на „IBM“ – „ThinkPad 700C“.

Сапер во 1980-та година станал виш-советник за индустриски дизајн на „IBM“. Некои од неговите проекти се изложени во Музејот на модерна уметност „MоMA“ во Њујорк. Германскиот дизајнер исто така предава и на Универзитетот Јеил.

Во интервју за „Dezeen“, Сапер објаснува зошто го одбил предлогот на Стив Џобс за позиција која во моментов ја зазема Џони Ив.

„Џобс сакаше да ме ангажира да дизајнирам производи на „Apple“, но околностите не беа соодветни, бидејќи јас не сакав да се селам во Калифорнија. Имав многу интересна работа која не сакав да ја напуштам. Освен тоа во тоа време „Apple“ не беше голема компанија , туку само една мала компанија за производство компјутери. Тие правеа интересни нешта, па јас бев многу заинтересиран, но имав договор да работам исклучиво за IBM“, вели Сепер.

Запрашан дали жали за својата одлука, Сапер одговори со насмевка:

„Секако дека жалам! Човекот кој потоа ја зазеде оваа позиција, прави по 30 милиони долари годишно! Како да не зажалиш?”, додава Сепер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП