26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали ќе има зголемување на каматните стапки во еврозоната?

Дали ќе има зголемување на каматните стапки во еврозоната?

Европската централна банка најверојатно ќе започне да ги зголемува каматите во еврозоната во 2019-та година, и покрај не особено охрабрувачките макроекономски податоци за европската економија, пишува „Bloomebrg“.

Доказ за тоа се зборовите на Сабине Лаутеншлегер, која е член на одборот на директори на „ЕЦБ“. Во интервју за „Politico“ таа вели дека економските показатели на монетарната унија засега се совпаѓаат со прогнозите на централната банка, што значи дека претстојното зголемување на каматните стапки се уште е на дневен ред. Лаутеншлегер објаснува дека ќе се чекаат податоците од првиот квартал од 2019-та година, кои би можеле да го променат размислувањето.

„За ова прашање целосно се раководам од податоците. Засега не осеќам некоја вознемиреност и би требало да се подготвуваме за моментот во кој каматите ќе почнат да се зголемуваат. Уште повеќе дека имаме неколку основни каматни индикатори, не е само еден“, додава таа.

Коментарите на Лаутеншлегер во голема мера се совпаѓаат со оние на нејзините колеги, како Ив Мерш од бордот на директори и Ардо Хансон од надзорниот одбор на „ЕЦБ“. И двајцата се согласуваат дека не треба премногу емотивно да се реагира на најновите податоци за забавувањето на европската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП