4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСте ја промениле професијата и сега ви е жал: Никогаш не е...

Сте ја промениле професијата и сега ви е жал: Никогаш не е доцна да се предомислите но прво добро размислете

200543811-001

Сте ја промениле професијата, секако, за да одите на подобро работно место.

На новото работно место работите веќе два месеци и забележувате дека не сте задоволни. Всушност, ви недостасува вашата стара работа.

Сега се ви делува хаотично или неинтересно, но потребно е да вложите , многу време за потполно да разберете како функционира компанијата во која работите. Можеби и неколку години! Тоа не смее да ве обесхрабри – напротив, треба да ве охрабри.

Информациите кои сте ги добиле на интервјуто за работа можат да бидат грубо дефинирани насоки, додека пак, работната пракса открива низа на детали и специфичности кои едноставно морате да ги разберете „во чекор“.

Покажете интерес за новата работа

Понекогаш работите не се такви какви што изгледаат. Ако моментално сте незадоволни, превземете поактивна улога. Разговарајте со колегите и поставете им што повеќе прашања од кои ќе дознаете какви се целите на компанијата, каква е природата на нивната работа и можат ли да ви помогнат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП