25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткупени над 15 милиони килограми тутун по просечна цена од 210 денари...

Откупени над 15 милиони килограми тутун по просечна цена од 210 денари за килограм

Од вкупно откупениот тутун 94 проценти веќе е исплатен кон тутунопроизводителите, а тоа се околу 50 милиони евра кои што се веќе исплатени од страна на откупувачите кон тутунопроизводителите за целокупниот откупен тутун од оваа година, изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, за време на неговата посета на откупните пунктови за тутун во скопскиот регион.

„Очекуваме непречен откуп до исплаќање на целокупната откупена количина. Оваа година обезбедени се средства за навремена и целосна исплата на субвенциите на тутунопроизводителите а тоа се околу 5 милиони евра повеќе пари од предходните години кои државата овој период односно со почеток од минатата година веќе ги обезбедува за тутунопризводителите“, изјави Николовски.

Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени над 15,3 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 210 денари за килограм.

„Со ланската исплата на субвенциите од реколта која што се исплаќаше ние исплативме 26 390 корисници односно 28 милиони евра навремено без селекција во еден ден“, посочи директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Директорот на ДИЗ, Благој Индов рече дека процесот тече без големи проблеми.

„Постојано сме на терен на откупните пунктови и во фирмите за проверката на процесот со откупот. До сега немавме никакви проблеми. На неколку места се случија ситни интервенции и пријави за кои веднаш интервениравме и на задоволство на тутунарите се решија. Минатата недела имавме контрола кај сите откупувачи каде проверувавме како тече исплатата. Секаде оди нормално како што е договорено“, изјави Индов.

Во владина процедура влезе новиот Закон за тутун и тутунски производи, кој предвидува укинување на евидентните листови или т.н „бели картони“, кои за реколтата од 2019 година ќе се спроведе како пилот.

Со оваа законска одредба МЗШВ значајно ќе ги намали бирократските процедури за тутунарите на начин што, тутунарите ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија. Истовремено, овој закон предвидува понатамошно усогласување со европските директиви и најдобри примери од ЕУ во контекст на прилагодување кон европските стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП