19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan создаде нов сегмент – „возвишен спортски седан“ (фото+видео)

Nissan создаде нов сегмент – „возвишен спортски седан“ (фото+видео)

Јапонски „Nissan“ на саемот за автомобили во Детроит го претстави концептот „IMs“ со кој создава буквално нова класа на автомобили, а која ја нарече „возвишен спортски седан“.

Идеjата да се комбинира возило со зголемен криленс, како кај кросоверите со грациозна форма на традиционален седан со четири врати, и во верзија на електричен автомобил.

За ознаката „спортски“ задолжен е електромотор кој располага со 490 KS и 800 Nm вртежен момент кој се испорачува на двете осовини.

Батеријата од 115 kWh би требало, барем според информациите од „Nissan“, овозможува автономија од 615 километри. Што се однесува до самиот изглед на автомобилот, „IMs“ има футуристички, но дизајн кој е многу карактеристичен за седаните.

Во внатрешноста покрај стандардната опрема со висока технологија во центарот на вниманието е воланот кој може да се вовлече во контролната табла кога возачот ќе го избере системот за автономно возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП