25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина внесе рекордни 83 милијарди долари во банкарскиот систем

Кина внесе рекордни 83 милијарди долари во банкарскиот систем

Кинеската централна банка на Кина денска „вбризга“ 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ инјектиран во еден ден, оценува каналот „Си-ен-би-си“.

Приносот на 10-годишната кинеска државна обврзница по тоа падна под 3,1 отсто, што е најниско ниво во повеќе од две години, според базата за финансиски податоци „Винд“.

Денешното рекордно вбризгување на централната банка беше реализирано преку реверзна репо аукција или со купување на краткорочни обврзници од поединечни комерцијални банки со цел кредиторите да имаат повеќе готовина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП