18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРЕК Битола привремено ќе го исклучи Блок 3

РЕК Битола привремено ќе го исклучи Блок 3

РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3. Планираното исклучување на постројката се прави заради отстранување на помал дефект, како и заради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.

Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе

продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2.

Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.

АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП