12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалниот долг достигна 244 илјади милијарди долари во третиот квартал од 2018-та

Глобалниот долг достигна 244 илјади милијарди долари во третиот квартал од 2018-та

Глобалниот долг достигна 244 илјади милијарди долари во третиот квартал од 2018-та година, што е за 12 отсто повеќе од нивото од 2016-та година. Тој надминува над три пати повеќе од износот на бруто домашниот производ (БДП) во светот, се наведува во објавениот годишен извештај за светскиот долг на Институтот за меѓународни финансии (ИМФ).

Ова зголемување ја зголемува загриженоста за глобалниот долг што економистите го изразуваат со години, велат официјалните претставници.

Според податоците глобалниот долг достигна до 318% од БДП-то, што е под историскиот максимум од 320% во третиот квартал од 2016-та година. Послабиот пад се должи на цикличниот пораст на глобалниот економски раст во 2017-2018 година.

Податоците покажуваат благо зголемување на долгот на „зрелите“ пазари, вклучувајќи го корпоративниот, владиниот и оној долг на домаќинствата, како и поголемите зголемувања на пазарите во развој, кои според економистите будат најсериозни проблеми, особено со очекувања за достасување на долгот во 2019-та година.

Според податоците од Институтот за меѓународни финансии е и долгот на домаќинствата, кој достигна до 46 илјади милијарди долари во светски рамки – зголемување за 30% во однос на нивото од 2016-та година. Долгот на домаќинствата се зголеми со брзо темпо во економиите на новите пазари, а најголем придонес за овој раст има Кина.

Другите земји кои се определуваат како нови пазари во извештајот, вклучувајќи ги Чешка, Индија, Мексико, Јужна Кореја, Малезија и Чиле бележат раст на долгот на домаќинствата со над 20 проценти од 2016-та година, се наведува во извештајот.

Неколку „зрели“ пазари, како што се Франција, Белгија и Финска, исто така забележаа значително зголемување на долгот на домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП