23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГутереш предупреди на лоша финансиска ситуација во ОН

Гутереш предупреди на лоша финансиска ситуација во ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, предупреди синоќа на лоша финансиска ситуација во ОН, оценувајќи дека таквата состојба не треба да продолжи.

„Минатата недела ги предупредив земјите членки на сериозните финансиски проблеми со кои се соочува нашата финансиска организација“, изјави Гутереш.

Генералниот секретар на ОН додаде дека функцијата на светската организација ќе биде загрозена ако не се направи ништо по ова прашање.

„За да се поправи ситуацијата, следните месеци ќе поднесам предлози до Генералното собрание“, додаде Гутереш.

Годишниот буџет од 6,6 милијарди долари е загрозен поради долгови и доцнење на некои членки во исплатата на нивниот дел од буџетот.

САД по доаѓањето на Доналд Трамп на власт, одлучи дека ќе дава само 25 проценти дипринос, а дотогаш САД учествуваше со 28 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП