27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го објави својот најслаб раст во последниве пет години

Германија го објави својот најслаб раст во последниве пет години

Германската економија порасна за 1,5% во 2018-та година, а тоа е најслабото темпо во последните пет години, според прелиминарните проценки на Федералната статистичка служба, соопштува „Ројтерс“.

Најголемата економија во Европската унија се бори со „ладењето“ на светската економија, трговските спорови, предивикани од политиката на САД – „Америка на прво место“ и ризикот Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор во март.

Економистите анкетирани од „Ројтерс“ очекуваат раст на БДП-то од 1,5 отсто за минатата година, откако ќе се зголеми за 2,2 отсто во 2017-та година.

Од Федералната статистичка служба забележуваат дека германската економија е зголемена веќе деветта година по ред, иако растот изгуби на интензитет, дополнува „CNBC“.

Позитивен придонес кон растот минатата година има главно домашната побарувачка.

„Како крајните кориснички трошоци на домаќинствата (+ 1,0%), така и крајните кориснички трошоци на владата (+ 1,1%) се зголемиле во однос на претходната година. Сепак, стапките на раст беа значително побавни од претходните три години“, се вели во анализата.

Имаше индикации дека економијата може да забавила во втората половина на 2018-та година. Податоците за БДП-то, објавени во ноември, покажаа дека економијата се намалила во третиот квартал – со 0,2%, што е првиот пад на економијата на Германија од првиот квартал од 2015-та година. Главната причина беше слабеењето на извозот.

Податоците, објавени минатата недела, исто така покажаа дека германското индустриско производство е намалено за 1,9% на месечна основа во ноември, што е под консензус прогнозата за раст од 0,3%.

На крајот на минатата година централната банка на Германија ги намали прогнозите за 2018-та и 2019-та година, а исто така ги намали и очекувањата за инфлација за следната година. Во 2018-та година, централната банка очекува растот на бруто-домашниот производ да изнесува 1,5% со тековни проценки од 2%. Што се однесува до 2019-та година, очекувањата се веќе за зголемување од 1,6% во однос на претходните прогнози за 1,9%. Во 2020-та година, очекувањата остануваат непроменети до 1,6%. За 2021-ва година, проценките се за 1,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП