17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија им порача на банките да го зголемат капиталот

Британија им порача на банките да го зголемат капиталот

bri1

Британските регулатори им наложија на најголемите домашни банки да го зголемат нивото на капитал за 27,1 милијарда фунти (42,1 милијарди долари).

Целта на регулаторите е да се спречи појавувањето на банкарската криза од 2008 година.

Регулаторната агенција за безбедност на банките соопшти дека банките „Barclays“, „Lloyds banking group“ и „Royal bank of Scotland“ го сочинуваат најголемиот дел од недостатокот на капитал, пренесува агенцијата АП.

Според соопштението на агенцијата, „Barclays“ мора да го зголеми својот капитал за три милијарди фунти, а државната банка „RBS“ и „Lloyds banking group“ мора да пронајдат дополнителни 13,6 милијарди фунти, односно 8,6 милијарди фунти.

Овој извештај најверојатно ќе го зголеми притисокот на банките, на кои ќе им биде дадено време за да ја пополнат дупката во капиталот.

Банките „Lloyds“ и „RBS“ соопштија дека нема потреба да бараат пари од инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП