28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus доби нарачка за 466 авиони

Airbus доби нарачка за 466 авиони

airbus

„Airbus“ на парискиот авио-саем „Le Bourget“ доби порачки за вкупно 466 авиони од своите модели, а вкупната вредноста на целата работа достигнала скоро 70 милијарди долари.

Официјалните лица на компанијата потпишале меморандум за 225 авиони вредни 29.4 милијарди долари и добиле нарачки за уште 241 авиони во вредност од 39.9 милијарди долари.

Најмногу авиони се нарачани од типот A320 (371 парчиња), a  исто така се порачани и 69 авиони од типот A350XB, кој за прв пат полета на 14-ти јуни.

За својот најголем авион, џамбо-џетот A380 компанијата доби нарачки за 20 авиони во вредност од 8 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП