5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Може да трошиме повеќе

Меркел: Може да трошиме повеќе

merkel1

Германското министерство за финансии објави уште едно зголемување на приходите од даноците. Ангела Меркел охрабрува дека сега може да се троши повеќе.

Министерството соопшти дека федералната влада од даноците во мај собрала 42,45 милијарди евра, што е за 5,4 проценти повеќе од истиот месец во претходната година.

Германците платиле 11,83 милијарди евра данок на доход, што е за осум проценти повеќе од оној во минатата година.

Стапката на невработеност во мај остана непроменета, односно таа изнесува 6,8 проценти.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека поради очекуваните зголемувања на приходите од даноците Германија може да троши повеќе.

Во пресрет на изборите во септември, на кои таа ќе се кандидира за трет мандат, Меркел вети дека ќе воведе даночни олеснувања за лицата со деца и дека ќе ги регулира пензиите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП