25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина одобри изградба на брана од 239 метри, која ќе биде највисока...

Кина одобри изградба на брана од 239 метри, која ќе биде највисока во земјата

Кина ја одобри изградбата на една од највисоките брани во земјата, висока 239 метри, лоцирана во горниот тек на една од нејзините најдолги реки, Јангце, соопшти Државната агенција за планирање.

Хидроенергијата е чист и обновлив извор на енергија, но овој голем градежен проект во југозападниот дел на Кина се соочува со критики затоа што, како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, го нарушува кревкиот екосистем, а згора на тоа нуди и несоодветна компензација за илјадници луѓе што поради тоа ги губат своите домови.

„Големо внимание треба да се посвети на заштита на животната средина и раселувањето во текот на изградбата“, се вели во соопштението на државниот планер, Националната комисија за развој и реформи.

Вештачкото езеро на хидроенергетскиот проект „Лава“ ќе потопи голема површина шума и земјоделско земјиште на границата меѓу Сечуан и Тибет.

Проектот предвидува системот да се состои од четири турбини со вкупен капацитет од 2 илјади мегавати (два гигавата).

Државниот енергетски гигант, групацијата „Хуадијан“, ќе има 48 отсто од акциите во проектот, а остатокот ќе им припаѓа на локални фирми.

Вкупната планирана инвестиција изнесува 30,97 милијарди јуани (4,59 милијарди долари), како и 2,19 милијарди јуани за да се покријат трошоците за преселување и плаќање надоместоци за луѓето што ќе бидат раселени поради изградбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП