6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПримарниот буџетски вишок на грчката влада беше под целта од 2018-та

Примарниот буџетски вишок на грчката влада беше под целта од 2018-та

Централната влада на Грција достигна примарен буџетски суфицит од 3.162 милијарди евра во 2018-та година, но тоа е под целта. Причината за ова е намалениот приход, според податоците на Министерството за финансии.

Владата имаше за цел примарен буџетски суфицит кој ги исклучува трошоците за сервисирање на долгот од 3,604 милијарди евра за периодот јануари-декември.

Вишокот не стигна до целта од 443 милиони евра, објави „Ројтерс“.

Вишокот на централната власт ги исклучува буџетите на фондовите за социјално осигурување и на локалната администрација. Тој се разликува од податоците што ги следат странските кредитори на Грција, но сè уште ја покажува состојбата на државните финансии.

Нето даночните приходи изнесуваа 53,6 милијарди евра за 1,56 милијарди евра под целта. Расходите изнесуваат 55,99 милијарди евра, што е исто така под целта за 1,08 милијарди евра.

Владата предвидува примарен буџетски вишок од 4,0% од економското производство во 2018-та година и 3,6% во оваа година, гледано од буџетот за 2019-та година.

Целта по завршувањето на програмата за спасување од грчките кредитори е примарен суфицит од 3,5% од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП