3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗасега штрајк на осум германски аеродроми

Засега штрајк на осум германски аеродроми

Плановите за десетици илјади патници ќе бидат нарушени денес поради штрајк на осум германски аеродроми, вклучувајќи го и најголемиот аеродром во Франкфурт.

Официјалните претставници за безбедност го планираа еднодневниот штрајк во надеж дека ќе го зголемат притисокот пред преговорите за плата со здружението на работодавачи закажано за следната недела. Асоцијацијата за аеродроми предупреди дека штрајкот најверојатно ќе ја „парализира“ германската авио-мрежа, што ќе влијае на најмалку 220.000 патници.

Штрајкот започна на аеродромите во северните градови Хамбург, Хановер и Бремен на полноќ, потврди синдикатот „Verdi“, велејќи дека вработените во безбедносните служби планираат целодневен штрајк.

Синдикатот сака безбедносните службеници кои се околу 23.000 лица да добијат до 20 евра на час. Во моментов, платите според провинцијата и активноста варираат од 11,30 евра и 17,16 евра. Според најновите податоци, работодавците понудиле раст од 6,4 отсто.

Само во Франкфурт, според операторот на аеродромот „Fraport“, авиокомпаниите откажаа 570 од планираните 1.200 пристигнувања и заминувања денес. Германскиот национален авиопревозник „Lufthansa“ беше принуден да откаже 400 од своите 640 врски со Франкфурт, како и 100 од 630 летови до и од Минхен.

На аеродромот во Франкфурт, безбедносните службеници започнаа предупредувачки штрајк во 2 часот по локално време (13 ч. GMT). Станува збор за вкупно 5.000 службеници за безбедност кои работат таму, а нивниот штрајк се очекува да продолжи до 20 часот.

Операторот на аеродромот „Fraport“ ги предупредува патниците да ги пренасочат нивните патни планови. Штрајковите во различни времиња денес се очекуваат и во Дрезден, Минхен, Лајпциг/Хале и Ерфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП