23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер и Туск ѝ нудат помош на Меј за да ги убеди...

Јункер и Туск ѝ нудат помош на Меј за да ги убеди пратениците за договорот за брегзит

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратија заедничко писмо до британската премиерка Тереза Мeј, на која се обидуваат да ѝ помогнат да ги убеди британските пратеници да гласаат за договорот за излез од ЕУ.

Во писмото двајцата велат дека не се во позиција да го променат договорениот споразум, но дека може да дадат појаснувања што би можеле да помогнат во неговата ратификација, објави „Ројтерс“.

Туск во име на Европскиот совет изјави дека законски обврзувачки се заклучоците од самитот на 13 декември минатата година кога лидерите на ЕУ дадоа одредени гаранции и, меѓу другото, ветија дека бргу ќе работат на нов договор за да се усоглосат алтернативните аранжмани до 31 декември 2020 година.

Британската премиерка Тереза Меј денеска за време на дебатата за договорот во Парламентот изјави дека Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија на 29 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП