7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРено го претстави освежениот Koleos

Рено го претстави освежениот Koleos

koleos

По редизајнот во 2011-та година Рено не изненади уште еднаш освежувајќи го својот СУВ модел, а со овој потег го помести периодот на појавување кој беше предвиден за 2015-та година.

Новините во дизајнот се фокусирале главно на предниот дел на возилото, кој се појави за прв пат во 2008-та година. Измените во предниот дел го приближуваат „Koleos“ до останатите нови модели на Рено и тоа најмногу до помалиот „Captur“.

koleos1

Внатрешноста практично останува иста, новитет е само мултимедијалениот систем на „R-Link“. Тој се состои од 11-инчен екран на допир, на кој излегува секоја информација за автомобилот, а исто така и различни апликации. Управувањето на системот, освен со екран на допир, се остварува и со џоистик, кој е сместен меѓу двете предни седишта.

Редизајнираниот „Koleos“  како и неговиот претходник багажникот ќе му се отвора на два дела. Волуменот останува непроменет  или 450 литри во нормална позиција и 1380 литри при спуштање на седиштата.

koleos2

По желба на клиентот кросоверот може да биде опремен со преден погон, како и со систем за погон на сите четири тркала. Во вториот случај возачот ќе може да одбере помеѓу три режими – „Auto“, „Lock“ и „2WD“. Првиот се потпира целосно на електрониката за распределба на вртежниот момент меѓу двете оски, вториот принудно го блокира диференцијалот, а кај третиот се користат само предните тркала.

Моторите на моделот остануваат исти – покрај 2.5 литарски бензинец со моќност  од 171 КС на клиентите им се достапни и две дизел верзии со 2.0-литарски dCi со моќност од 150 и 175 КС.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП