28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј: На 29 март ја напуштаме Европската Унија

Меј: На 29 март ја напуштаме Европската Унија

Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија на 29 март, рече премиерката Тереза ​​Меј за време на дебатата за постигнатиот договор со ЕУ.

Меј вели дека не верува оти владата треба да го прошири членот 50 од Лисабонскиот договор, кој предвидува земјите членки да ја известат ЕУ за нивното повлекување и да ја обврзат Унијата да склучи договор за излегување, кој опфаќа пет точки.

Во британскиот Парламент во тек е дискусија за договорот постигнат од страна на Меј со ЕУ за брегзит, а утре треба да се одржи гласањето за договорот во британскиот Парламент. Ако договорот утре не помине, британската премиерка има рок до следниот понеделник да го претстави новиот предлог до Парламентот.

Без договор, Велика Британија ја чека ненадеен прекин на односите со ЕУ за што економистите предупредуваат дека тоа ќе предизвика сериозен удар врз британската економија и ќе доведе до хаос на британските граници, аеродроми и пристаништа.

На референдумот за членство во ЕУ во 2016 година, 52 отсто од гласачите гласаа за напуштање на Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП