17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција: Не можете да не заплашувате со економски закани

Турција: Не можете да не заплашувате со економски закани

Ништо не може да биде постигнато со економски закани против Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, откако претседателот на САД, Доналд Трамп ја предупреди Анкара дека ја чека економска катастрофа, ако ги нападне сириските Курди по повлекувањето на американските сили од Сирија, пренесоа агенциите.

Според зборовите на министерот за надворешни работи, стратешките партнери не треба да комуницираат едни со други преку социјалните медиуми.

Според Чавусоглу, најновите твитови на Трамп се поврзани со домашната политика.

„Анкара не се плаши од заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп“, рече турскиот министер за заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи и европски прашања на Луксембург, Жан Аселборн, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Шефот на турската дипломатија смета дека Трамп е под директен притисок да не ги повлече американските трупи од Сирија.

„Терористичките групи сега ја контролираат една третина од Сирија и имаат за цел да ја поделат земјата“, изјави Чавушоглу за Ројтерс.

Турција прави се што е потребно за да го задржи мирот и да спречува пореметување во Идлиб, Северна Сирија, додаде тој, мислејќи на последната голема бунтовничка тврдина во Сирија.

Исламистички борци ја засилија контролата над регионот по продолжените повеќе од една недела борби со поддржаните од Турција сириски бунтовници, посочуваат агенциите.

Чавушоглу истакна дека ако Идлиб стане „терористичко гнездо“, за тоа ќе биде виновна сириската влада, што ги изнесе терористите од овој регион од други делови на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди порано Турција за економска катастрофа, ако ги нападне Курдите по повлекувањето на американските војници од Сирија, и покрај тоа ги повика Курдите „да не ја предизвикуваат“ Анкара, пренесе „Франс прес“.

„Ќе ја уништиме Турција економски ако ги нападне Курдите“, рече Трамп. Но, ние исто така не сакаме Курдите да ја испровоцираат Турција, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП