2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканскиот амбасадор во Германија се закани со санкции поради „Северен поток 2“

Американскиот амбасадор во Германија се закани со санкции поради „Северен поток 2“

Амбасадорот на САД во Германија упати писмено предупредување до германските компании кои се вклучени во контроверзниот руско-германски проект за гасоводот „Северен поток 2“ дека се загрозени од американски санкции, пренесе Франс прес, цитиран од агенциите.

„Во писмото се споменати сите компании кои се вклучени во секторот на гасоводите за извоз на руска енергија и дека се изложени на опасност од американски санкции“, изјави за АФП портпаролот на амбасадата. Значи тој ги потврди информациите во вчерашното издание на „Билд“.

Портпаролот нагласи дека оваа закана за санкции е дадена во законот „CAATSA“ усвоен во 2017-та година и насочен против Иран, Северна Кореја и Русија.

Писмото испратено по барање на американската администрација во Вашингтон, „не цели да биде сфатено како закана, туку како јасна порака за американската политика“, истакна портпаролот. Според него, единствената можна „уцена“ во врска со ова би било ако во иднина Кремљ ќе го контролира снабдувањето со гас во Европа.

Во центарот на несогласувањата е проектот за гасоводот „Северен поток 2“ за испорака на руски гас за Германија директно преку Балтичкото Море и заобиколувајќи ја Украина, која досега беше главна транзитна земја. Овој проект се дуплираат и го следи истиот пат како првиот таков гасовод „Северен поток 1“, во територијалните води на пет земји – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија. Целта е да се удвои капацитетот за снабдување со гас.

Во проектот „Северен поток 2“ учествуваат, освен рускиот гигант „Газпром“, и неколку европски компании: германските „Wintershall“ и „Uniper“, британско-холандската „Shell“, француската „Engie“ и австриската „OMV“.

САД постојано го критикуваа проектот, но сега заобиколуваат уште една фаза, обраќајќи се директно кон соодветните германски компании, за да ги предупредат за опасноста од санкции.

Според Германија, која има поддршка од Франција и Австрија, проектот ќе овозможи посигурни и поевтини резерви.

Сепак, Украина го гледа проектот како средство за Москва „да ја задуши“ во енергетски поглед и на тој начин да го зголеми политичкиот притисок против неа. Двете страни се во конфликт поради анексијата на Крим од Русија и руската поддршка за сепаратистите во источниот дел на Украина.

Според списанието „Шпигел“, цитирано од „ТАСС“, владеачките елити во Германија на секаков начин се трудат да се избегнува амбасадорот на САД во Германија, Ричард Гренел и тој практично се наоѓа во политичка изолација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП