3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗгответе малку струја за мобилниот телефон!

Згответе малку струја за мобилниот телефон!

powerpot_thermoelectric_generator

Се одлучивте вашиот одмор да го минете во некој камп, но бидете подготвените дека можеби нема секој ден и во секој момент да имате струја.

Па тогаш кажете збогум на вашите уреди, мобилен телефон,„ MP3 player“ и останатите играчки. И додека во излетничките и камперските ситуации нема да имате расположлива струја со сигурност ќе запалите оган на кој ќе приготвувате јадење. А додека го готвите јадењето, зошто да не зготвите и малку струја?

Термолелектричниот генератор се состои од лонец во кој можете да готвите што сакате и кабел кој од лонецот ќе извлекува енергија по пат на генератор кој ќе ја претвора во електрична која може да се искористи за полнење на било каков USB уред. Интересно ќе добиете доволно енергија за да ја наполните батеријата на уредот за ист временски период како да е приклучен на ѕиден приклучок за електрична енергија.

Можеби мал проблем е да се држи оганот два часа да биде запален и да се долева вода во садот, но луксузот на полн мобилен телефон нема да ви претставува голем проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП