Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

МЗШВ: Пристигнати околу 300 понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари

Време: 12:52

Датум: јануари 12, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Вчера заврши рокот за поднесување на понуди за учество на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и додаваат дека заклучно со вчерашниот ден пристигнале близу 300 понуди за учество на овој јавен повик.

Со оглед на тоа дека дел од понудите се праќани по пошта, се очекува да пристигнат уште понуди и конечната бројка ќе се знае во вторник следната недела, а потоа велат од МЗШВ ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и склучување на договорите со земјоделците.

„Се работи за повик на кој за разлика од огласите за кои што МЗШВ ги објавува расположливите парцели , сега им се овозможи на земјоделците доколку имаат информации каде има слободна земја, самоиницијативно да пројават интерес преку подготовка на геодетски елаборат и прибирање на сите потребни документи пропишани со јавниот повик.

Јавниот повик беше наменет за целокупното земјоделско земјиште во државата или за 34 региони. Целта на овој повик е да се стави во функција целото расположливо земјоделско земјиште, особено оние парцели што не се атрактивни и што се со понизок квалитет од 4, 5, 6, 7 и 8 класа, а кои што можат да се искористат за производство. Со овој јавен повик се создаваат поволни услови, сите земјоделци кои веќе се занимаваат со земјоделство, оние што сакаат да го прошират своето производство или да започнат агробизнис, да склучат договор со МЗШВ и да дојдат до земјиште.

На овој начин директно ќе се влијае врз зголемување на површините со обработливо земјоделско земјиште, а со тоа и на производството на земјоделски производи. Воедно огласите за давање на земјиште под закуп се и основа за аплицирање за ИПАРД 2 програмата и ќе придонесат за зголемување на бројот на апликации за оваа програма“, се вели во соопштението на министерството.

Земјиштето, велат од МЗШВ за кое што ќе склучат договор треба да го искористат за подигање на долгогодишни насади, оранжерии, долгогодишни насади со лешник, маслинарници, други земјоделски култури за период до 15 години, ливади за период до 15 години, за брзо растечки дрвја, за рибници и за спортско-рекреативни активности и рурален туризам.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања

    Раст на БДП од 3,2 отсто, па и поголем, интензивна градба на патната и железничката инфраструктура, гасоводот и на обновливи извори на енергија, како и…

  • Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ги намали прогнозите за раст на економијата

    Италијанската централна банка ја намали прогнозата за економскиот раст во оваа и следната година, а во исто време упати сигнал дека третата по големина економија…

  • Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Тевдовски: „Фич“ ги потврди успешно спроведените фискални реформи

    Кредитната агенција „Фич“ го потврди водењето на успешна фискална политика, посочувајќи ги реформите во системот на јавните финансии како пензиската реформа, системот на јавни набавки…

  • Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија на петтото место според резрвите на злато во светот

    Русија ја надмина Кина и стана петата земја според резервите на злато во светот, откако западните санкции ја стимулираа нејзината централна банка да купува рекордни…

  • ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    ЕЦБ нема да има време да ја заостри монетарната политика

    Европската централна банка ќе има тесен временски период за да ги зголеми каматните стапки пред економијата во еврозоната ослабе. Овој заклучок беше постигнат од страна…

  • Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Меркел пред министрите за земјоделство: До 2050 година светот треба да произведува 70% повеќе храна

    Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела“, што се одржува во Берлин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, присуствуваше на…

  • „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    „Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ со позитивен изглед

    Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека на потврдата на рејтингот ББ…

  • Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда

    Најавите за предвремени парламентарни избори, што би се одржале заедно со редовните претседателски избори, ги раздвижија не само политичарите, туку и бизнисмените. Веднаш по барањето…

  • Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници го слават Богојавление – Водици

    Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите…

  • Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Умерено облачно време со температура до 11 степени

    Времето денеска ќе биде умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег кои…