20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ очекува просечната цена на нафтата во 2019-та да е 70 долари...

ОАЕ очекува просечната цена на нафтата во 2019-та да е 70 долари за барел

Министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати, Сухаил ал-Мазруеј изјави дека очекува цената на нафтата во 2019-та година да достигне 70 долари за барел поради договорот за намалување на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и извозниците кои не влегуваат во неа, објави „Ројтерс“.

ОПЕК и другите водечки производители на нафта, предводени од Русија, во декември се согласија да се намали комбинираното производство на нафтата до 1,2 милиони барели на ден, за да се балансира пазарот на нафта.

Договорот стапи во сила од јануари оваа година.

„Денес гледаме кон просечна годишна цена од околу 70 долари за Брент“, коментира уште Сухаил ал-Мазруеј за време на конференцијата во Абу Даби.

Според него ова ниво ќе помогне за промовирање на глобалните нафтени инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП