Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,130.00 0.26%    KMB 5,900.05 -0.77%    MTUR 5,350.00 0%    RMDEN16 98.50 0%    RMDEN18 98.70 -0.03%    SBT 2,490.00 0.4%    STB 1,140.87 -0.58%    STBP 789.00 -2.95%    STIL 92.00 -5.15%    TETE 2,301.00 -0.14%    TNB 16,600.04 0%    UNI 2,346.84 2.21%    

Се воведуваат е-планови и е-жалби за потранспарентни јавни набавки

Време: 11:32

Датум: јануари 12, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Плановите за јавни набавки на институциите од годинава ќе се објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Исто така, ќе можат да се поднесуваат и електронски жалби. Со овие новини на системот, кои се предвидени со новиот закон за јавни набавки, ќе се зголеми транспарентноста и ќе се поедностават постапките за јавни набавки.

Тоа било истакнато на средбата на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, при работна посета на министерот на оваа институција.

Како што соопшти денеска Министерството за финансии, на средбата било наведено дека главен фокус годинава ќе биде ставен на новите функционалности на електронскиот систем за јавни набавки според новиот закон. Дел од тоа се и новите модули е-планови и е-жалба. Исто така, ќе се воведе и електронско архива на постапките со што ќе се обезбеди чување на податоците во системот во изворна електронска форма.

Помеѓу останатите надградби и подобрувања, на понудувачите во жалбениот период ќе им се овозможи увид во целокупната документација од постапката на која учествувале. Со тоа во голема мерка ќе се зголеми довербата во жалбениот процес.

Минатата година беше изработен нов закон за јавни набавки, кој значително го подобрува системот за јавни набавки во земјава и го усогласува со европските директиви. Министерот Тевдовски во повеќе наврати укажуваше дека законот ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки. Законот предвидува воведување на економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Ова ќе ги отстранио негативностите кои произлегуваа од критериумот најниска цена, како послаб квалитет или трошоци за поправки кои ја чинат државата многу повеќе.

Новиот закон содржи и решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.

Законот е во собраниска процедура и се очекува да се отпочне со негова примена од април месец оваа година.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Брегзит ги “потопи” инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

    Брегзит ги “потопи” инвестициите: Најспор годишен раст на економијата од 2010 година

    Британската економија за три месеци заклучно со септември 2019 година порасна со најниската годишна стапка за повеќе од една деценија. „Вината“ за лошиот резултат се…

  • МФ анализа: Приходите од прогресивниот и повисоката стапка на данок на личен доход пониски за 51,2% во однос на потенцијалот

    МФ анализа: Приходите од прогресивниот и повисоката стапка на данок на личен доход пониски за 51,2% во однос на потенцијалот

    Приходите кои можеле да се приберат од прогресивното оданочување и повисоката стапка на личен доход се помали за 51,2% во однос на потенцијалот, покажува анализата…

  • Кинезите надвор од банкарското кредитирање ја финансираа економијата со 31 милијарди долари

    Кинезите надвор од банкарското кредитирање ја финансираа економијата со 31 милијарди долари

    Вкупното финансирање на кинеската реална економија (TSF) надвор од конвенционалното банкарско кредитирање на крајот на октомври изнесуваше 219,6 трилиони јуани (31.400 милијарди долари), што е…

  • Поскапуваат горивата

    Поскапуваат горивата

    Бензинот Еуросупер БС-95 поскапува за денар, а Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства за половина денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска…

  • Како настана Денот на самците во Кина

    Како настана Денот на самците во Кина

    Денот на самците, исто така познат како празник на двојни единаесетки 11.11 е празник на луѓето кои не се во брак, ден на неприфатените и…

  • Почина Љубе Рајевски, долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка

    Почина Љубе Рајевски, долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка

    По тешко боледување на 10 ноември 2019 година почина Љубе Рајевски. Роден е на 11 март 1955 година во Скопје. Рајевски беше долгогодишен директор и…

  • Како настанала касичката во облик на свиња?

    Како настанала касичката во облик на свиња?

    Долго време пред да се изградат првите банки, колку што знаеме во 15 век, луѓето обично своите заштеди ги чувале во тегли за кујна. Во…

  • Не издржаа ниту една ноќ – украдени дрвцата кај поликлиниката „Чаир“

    Не издржаа ниту една ноќ – украдени дрвцата кај поликлиниката „Чаир“

    Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот…

  • ЦГК: Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

    ЦГК: Најмногу институции со „ограничено“ ниво на транспарентност во јавните набавки

    Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 проценти од критериумите за транспарентност, отчетност и интегритет во целиот циклус на јавните набавки. Ова е мало…

  • Претставена петодневната новогодишна програма во Будва и будванските хотели

    Претставена петодневната новогодишна програма во Будва и будванските хотели

    Туристичката организација на општина Будва, подготви петдневна програма за новогодишните празници што ќе започне во сабота на 28 декември и ќе трае се до раните…