18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Германија сака да ја намали разликата во платите помеѓу мажите и...

Како Германија сака да ја намали разликата во платите помеѓу мажите и жените?

43% од германските раководители признаваат дека постои разлика во платите помеѓу мажите и жените. Ова е анализа на економскиот институт „Ifo“ со седиште во Минхен.

Всушност, Германија се повеќе се фокусира на родовата еднаквост во сите сфери. За таа цел, властите во најголемата економија во ЕУ го усвоија пред речиси две години Законот за транспарентност на наградување во Германија.

„Тој има за цел да го намали јазот во платите помеѓу мажите и жените. Целта на законот е дека мажите и жените во иста положба да добиваат еднаква плата. Ова го изјави економистот Џулија Шрикер од Институтот „Ifo“.

„На компаниите им е даден период од 6 месеци за да се подготват и да проверат дали има еднаквост во платите“, вели Шкрикер.

Таа коментираше дека голем број вработени не го искористиле своето право на пристап до информации.

„Сметаме дека постојат две причини: прво, вработените не се добро информирани за законот, бидејќи компаниите немаат интерес да го промовираат законот, а медиумите, исто така, не информираат толку често за законот за плати“, вели Шрикер.

Вработениот треба да се идентификува со слична позиција и да ги споредува активностите кои се предмет на широка дискусија. Покрај тоа, мора да има најмалку 5 лица на слична позиција. Поради овие потешкотии, многу вработени не го искористуваат нивното право да добиваат информации, објаснува Шрикер.

„Законот стапи на сила пред една година. На краток рок, најверојатно ќе има зголемување на прашањата, но не очекуваме поголем ефект на долг рок. Многу мал дел од луѓето мислат дека законот ќе го намали јазот во платите“, рече таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП