10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРојтерс: Кина ќе ги намали целите за економски раст

Ројтерс: Кина ќе ги намали целите за економски раст

Кина има намера да стави помала цел за економскиот раст во 2019-та година која ќе се движи меѓу 6,0% и 6,5% во споредба со минатогодишната цел за раст на БДП-то од околу 6,5%, бидејќи Пекинг се мачи да се соочува со повисоките американски царини и слабеењето на домашната побарувачка, објави „Ројтерс“, цитирајќи ги своите неименувани политички извори.

Предложената намалена цел која ќе биде објавена официјално на годишната парламентарна сесија во Кина во март, беше одобрена од највисоките раководители на земјата за време на економска конференција зад затворени врати, одржана во средината на месец декември, тврди уште „Ројтерс“.

Се очекува подоцна овој месец дека официјалните податоци покажуваат дека економијата на Кина се зголеми за околу 6,6 отсто во 2018-та година, како одраз на нејзиното најслабо зголемување од 1990-та година. Аналитичарите предвидуваат понатамошно губење на нагорна динамика во текот на тековната година, пред да преземат политички чекори за поддршка на економскиот раст.

„Ќе биде многу тешко за економскиот раст да надмине 6,5% во оваа година и може да има проблеми ако падне под 6 проценти“, појаснува за „Ројтерс“ еден од изворите, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на ова важно прашање.

Бидејќи втората по големина економија во светот продолжува да губи брзина, водечките лидери на Кина внимателно го набљудуваат нивото на вработеност со оглед на фактот дека компаниите во земјата можат да бидат принудени да отпуштаат работници во условите на трговска војна со САД.

Во наредните две години е потребен раст од околу 6,2%, за да се постигне долгогодишната цел на владејачката Комунистичка партија за удвојување на бруто домашниот производ и на приходите во текот на последната деценија до 2020-та година.

Усвојувањето на целниот опсег ќе им овозможи на кинеските политичари да маневрираат во услови на неизвесност предизвикана од трговската војна со САД, иако двете водечки економии се стремат да постигнат евентуален договор за решавање на несогласувањата пред март.

Владата на Кина планира да ја задржи својата цел за потрошувачката инфлација од 3% во 2019-та година и покрај неодамнешното нагло намалување на цените, оставајќи можност тоа да преземе мерки за стимулирање на слабата потрошувачка. Ден порано беа претставени официјалните податоци кои покажуваат дека корисничката инфлација во Кина е намалена драстично во декември до 1,9% од 2,2% во ноември, што е прилично под владината инфлациска цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП