26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМуск скратува 10% од вработените во SpaceX

Муск скратува 10% од вработените во SpaceX

Ракетна компанија на Илон Муск – „SpaceX“ ја намалува работната сила со околу 10%, пренесува „Ројтерс“.

Организацијата која има 6.000 вработени, тврди дека ќе треба да се раздели со некои од работниците. Како причина за тоа се наведуваат „невообичаено тешките предизвици“.

Според портпаролот на компанијата, за да може таа да ги исполни своите цели да изгради летало кое ќе може да полета во вселената, како и да им служи на своите клиенти, таа ќе мора да стане помала. Ако овие мерки не бидат преземени, таа може да го следи примерот на други компании кои банкротираа, додава тој.

Во јуни Илон Муск отпушти најмалку седум лица од менаџмент на „SpaceX“, кои го водеа проектот за пуштање на сателити. Отпуштањата беа поврзани со недоразбирања во врска со темпото со кое се развиваат и тестираат сателитите „Starlink“.

Програмата „Starlink“ на „SpaceX“ се натпреварува со „One Web“ и со канадската „Telesat“ за да биде првата која ќе пушти нова, сателитско базирана интернет услуга.

Промените во менаџментот вклучуваа привлекување на нови раководители од централата на „SpaceX“ во Калифорнија, кои ќе ги заменат менаџерите кои тој ги отпушти во Сиетл.

Во декември „Wall Street Journal“ објави дека „SpaceX“ стекна 500 милиони капитал, со што нејзината оценка ќе достигне 30,5 милијарди долари.

Претходно компанијата објави дека планира да организира патувања на Марс, кои ќе започнат во 2022-ра година, а тие ќе бидат следени од поголема мисија до „Црвената планета“ во 2024-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП