27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦел свет посакува „брегзит со договор“, вели премиерот на Јапонија

Цел свет посакува „брегзит со договор“, вели премиерот на Јапонија

Повлекувањето на Британија од ЕУ со договор е желба на целиот свет, вели премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.

За време на прес-конференцијата со премиерката на Велига Британија, Тереза Меј, во Лондон, Абе посочи дека тој се надева дека сценариото „брегзит без договор“ ќе биде избегнато.

Тој го поздрави напредокот на Британија во врска со преговорите со ЕУ за брегзит и додаде дека неговата земја заедно со Британија работат на продлабочување на односите не само на политички план туку и на економски.

„Очите на светот се вперени во Британија додека земјата се повлекува од ЕУ“, изјави Абе.

„Би сакал да изразам најдлабока почит за работата и напорот што го вложи Тереза за да добие одобрение од парламентот за договорот за повлекување“, додаде тој.

Абе изјави дека Британија е мостот до Европа за јапонските бизниси и дека преку повеќе инвестиции Јапонија подобро ќе го развие партнерството со Британија.

Тој додаде дека јапонските фирми веќе имаат 1 000 претставништва во Британија, а со тоа и околу 150 000 работни места.

Абе вели дека двете земји ќе почнат преговори за ново економско партнерство.

Меј исто така изрази задоволство за добрите односи со Јапонија и додаде дека единствениот начин да се одбегне сценариото „брегзит без договор“ е да се добие договорот.

Таа вели дека сè уште работи со ЕУ во врска со прашањето со Ирска, главниот проблем во договорот за кој Меј вели дека е од национален интерес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП