27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер се надева на успех на договорот за Брегзит

Јункер се надева на успех на договорот за Брегзит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска повторно се огласи во врска со напуштањето на унијата од страна на Британија. Тој изјави дека не може да има нови преговори за нацрт-договорот за Брегзит.

Во исто време, ЕУ и британската премиерка, Тереза Меј, се обидуваат да најдат начин да го избегнат Брегзит без договор.

Јункер изрази надеж дека Меј, и покрај тешкотиите со кои се соочува, ќе успее да го протурка договорот за време на гласањето во парламентот, кое треба да се одржи следниот вторник.

Јункер рече дека не му се допаѓа идејата за Брегзит без договор и дека тоа би било катастрофа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП