28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ можеби ќе ја разгледува можноста за нови евтини кредити за банките

ЕЦБ можеби ќе ја разгледува можноста за нови евтини кредити за банките

Претставниците на Европската централна банка (ЕЦБ) предложиле да се преиспита можноста за обезбедување на евтини кредити на банките во следните месеци во позадина на изгледите пред економијата на еврозоната, станува јасно од записникот од последната средба на банката, пишува „Ројтерс“.

Некои од централните банкари повикаа за дискусија во врска со употребата на нов круг евтини кредити за банките – клучен извор на финансирање за доверителите во Италија, Португалија и Шпанија.

Претставниците на Европската централна банка се здружија околу мислењето дека намалувањето на прогнозите за растот за 2019-та година само по себе е признание дека ризиците за изгледите пред економијата на еврозоната се зголемија, дополнува „Bloomberg“.

Тоа практично му овозможи на гувернерот на централната банка Марио Драги да не изјави во декември дека билансот на ризиците е во негативна насока, што немаше да се сфати добро во комбинација со одлуката да се прекине откупот на обврзниците по речиси четири години. Наместо тоа, Драги ја опиша ситуацијата како широко избалансирана и се движи само пониско.

„Несигурноста и ризиците поврзани со геополитичките фактори, заканата од протекционизам, ранливоста на пазарите во развој и финансиската нестабилност остануваат важни“, вели „ЕЦБ“ во својот извештај. Се нагласува дека ситуацијата останува кревка и може да се појават нови неизвесности.

Од декемвриската одлука на Управниот совет на „ЕЦБ“ да се стави крај на програмата за откуп на средства вредни 2,6 илјади милијарди евра беше усвоен, рече Драги на крајот од состанокот на 12-13 декември.

Моментално централната банка е посветена да ги задржи досегашните ниски каматни стапки барем до крајот на летото, иако според некои пазарни учесници поради последните слабите податоци зголемувањето може да забави.

Од последниот состанок на „ЕЦБ“, довербата на потрошувачите и бизнисот во еврозоната ги постигна најлошите резултати во една деценија. Активноста во индустријата и услужниот сектор се забави до најниските нивоа од 2014-та година, а податоците од Германија сигнализираа дека намалувањето во индустријата може да ја доведе економијата до техничка рецесија.

Пазарот на труд во еврозоната продолжува да се подобрува, бидејќи податоците во средата покажаа изненадувачки пад во невработеноста. Членот на Управниот одбор на „ЕЦБ“, Ардон Хансон изјави за „Bloomberg“ претходно оваа недела дека „неочекуваните позитивни“ вести за платите и растот на работните места ја поддржуваат самодовербата дека инфлацијата се движи кон својата цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП