5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп: Без ѕидот ќе има многу мртви

Трамп: Без ѕидот ќе има многу мртви

Претседателот на САД, Доналд Трамп во градот Мекален, Тексас на границата со Мексико, ја бранеше неговата идеја за изградба на ѕид, поради што е блокирана Владата на САД.

“Тоа е прашање на здрав разум. На нив им треба препрека, ним им треба ѕидот. Без тоа, ќе има само проблеми. И многу мртви”, изјави Трамп, додавајќи дека не постои ништо подобро од ѕидот, пренесува Index.hr.

Американскиот претседател повторно се закани дека ќе прогласи вонредна состојба со цел да обезбеди средства за ѕид на американско – мексиканската граница, без одобрение од Конгресот. “Имам апсолутно право да прогласам вонредна состојба”, изјави Трамп за новинарите.

Американскиот претседател изјави дека ако Конгресот не одобри средства за финансирање на изградбата на ѕидот, тој најверојатно, “би рекол речиси сигурно” прогласи вонредна состојба.

Трамп одбива да го потпише законот за финансирање и повторно отвaрaње на владата ако тој не вклучува 5.7 милијарди долари за поставување физички бариери по должината на границата со Мексико.

Делумна опструкција на владата трае веќе 21 дена, каде 80.000 федералните државни службеници не добиваат плата, потсетува Би-Би-Си. Поради делумна блокада на работата на владата на САД, американскиот претседател го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, каде што првично беше планирано да отпатува подоцна овој месец.

Ако нема компромис до недела, оваа блокада на владата на САД ќе ја надмине онаа од времето на Бил Клинтон 1995/96. која траеше 21 ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП