7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка планира до април да го избере заменикот на Џим Јон...

Светска банка планира до април да го избере заменикот на Џим Јон Ким

Светска банка се надева да избере нов шеф на местото на претседателот Џим Јон Ким, кој ја напушта функцијата на 1-ви февруари, до традиционалната пролетна средба, планирана за 12-14 април во Вашингтон.

Новиот претседател се очекува да биде избран до пролетниот состанок во 2019-та година, објави прес-службата.

По завршувањето на периодот за поднесување на кандидатури, извршните директори ќе комплетираат краток список од максимум тројца кандидати и со нивна согласност ќе ги објават нивните имиња. Извршните директори ќе одржат интервјуа со сите кандидати од кратокиот список и новиот претседател, како што се очекува, ќе биде избран до пролетната средба за 2019-та година, се наведува во документот.

Во понеделникот Светска банка објави изјава дека Џим Јон Ким ќе ја напушти функцијата од 1-ви февруари.

Раководството на институцијата ќе биде привремено преземена од главниот извршен директор на банката, Кристалина Георгиева.

Џим Јон Ким ја презеде должноста претседател на институцијата од 1-ви јули 2012-та година со мандат од пет години, а во 2016-та година беше реизбран. Неговиот втор мандат треба да истече во 2022-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП