27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во ЕУ стабилна

Стапката на невработеност во ЕУ стабилна

Стапката на невработеност во Европската Унија во ноември 2018 била стабилна, односно изнесувала 6,7%.

„Ова е најниската стапка на невработеност што сме ја забележале во ЕУ28, откако започнавме со месечните извештаи од јануари 2000 година“, велат од Еуростат.

На годишно ниво, стапката на невработеност во ЕУ паднала за 0,6% споредбено со истиот месец минатата година, кога истата изнесувала 7,3%.

„Сезонската стапка на невработеност во Еврозоната ЕА19 изнесуваше 7,9% во ноември 2018, за разлика од претходниот месец кога изнесувала 8,0% и 8,7% во ноември 2017“, велат од Еуростат.

Еврозоната ЕА19 ги претставува земјите членки што користат само една валута – евро, додека ЕУ28 ги опфаќа сите земји членки на унијата.

Според официјални податоци, речиси 16,5 милиони мажи и жени во ЕУ28, од кои 13 милиони во еврозоната биле невработени.

Еуростат вели дека најниската стапка била забележана во Република Чешка (1,9%) и Германија (3,3%), додека највисоката стапка на невработеност се забележува во Грција (18,6%) и Шпанија (14,7%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП