4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУслугата персонални асистенти ќе може да ја користат 200 лица со попреченост

Услугата персонални асистенти ќе може да ја користат 200 лица со попреченост

Министерството за труд и социјална политика ссопшти дека ја проширува услугата персонални асистенти која отсега ќе може да ја користат 200 лица со попреченост.

„Со законот што е во собраниска процедура услугата персонална асистенција, која досега ја имаше само во 7 општини, се проширува низ цела Македонија. Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на лицата со попреченост, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење, активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. Во 2019 година е предвидено со оваа услуга да се опфатат 200 лица со попреченост. Во моментот услугата ја користат околу 60 лица со попреченост“, соопшти МТСП.

Услугата персонална асистенција од денеска во Скопје ќе ја нудат уште 30 нови лица на кои им се доделени сертификатите за персонална асистенција, откако успешно ја поминале обуката на Црвен крст и на Хуманост. Со ова бројот на сертифицирани лични асистенти на територија на Македонија се зголемува на околу 130.

Освен персоналните, велат од Министерството, продолжува и обуката и поддршката за образовните асистенти коишто нудат помош на деца со попреченост во образовниот процес. Во новата учебна година овој број е зголемен со учество на 34 општини и 300 асистенти во настава. Преку активните мерки за вработување биле ангажирани вкупно 140 образовни асистенти во 18 општини во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП