16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто жените потешко напредуваат кога нивниот шеф е маж?

Зошто жените потешко напредуваат кога нивниот шеф е маж?

Без разлика колку работите и и носите пари на компанија, сепак немате напредок? Еве и зошто…

Резултатите од неодамнешните истражувања покажуваат дека жените во деловните потфати сеуште се соочуваат со многу предрасуди. Ако вашиот шеф е маж постои можност вашата кариера да стагнира не поради вашата способност, туку поради животот и размислувањето на вашиот шеф.

Истражувачите велат дека најверојатно вашиот шеф гледа низ призма на своите блиски врски со жените – најчесто ќерката, сопругата и мајката.

На пример, ако вашиот шеф има жена која не работи и се занимава исклучиво со домашни работи, тој слично и вас ќе ве доживува. Затоа, независно од тоа што работите и колку нема да можете да напредувате додека тој не одлучи за тоа.

Експертите не можат до крај да објаснат зошто е тоа така, но веруваат дека мажите ги класифицираат жените во одредена група според моделите застапени во нивниот живот.

Се верува дека тоа е одговор за тоа зошто жените сеуште се помалку платени од мажите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП