7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајкoви на вработените на три аеродроми во Германија

Штрајкoви на вработените на три аеродроми во Германија

Вработените на три аеродроми во Германија – Дизелдорф, Келн-Бон и Штутгарт стапија денеска во еднодневен штрајк барајќи зголемувања на платите.

Штрајкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Погодени се околу 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, меѓу кои и берлинскиот, каде што се откажани 90 летови, пренесуваат германските медиуми.

Синдикатот „Верди“ бара на вработените на аеродромите да им се зголеми саатницата на 20 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар