Петте најбогати Американци имаат богатство колку што е 2% од БДП-то на земјата, пишува „Business Insider“. Четири од нив стекнатото богатство го имаат од технолошката индустрија.
Денес најбогатиот е Џеф Безос. Основачот на „Amazon“ има 135 милијарди долари, додека ко-основачот на „Microsoft“ е второто место со 92 милијарди долари.
Следат инвеститорот Ворен Бафет со 81 милијарда долари и извршниот директор на „Facebook“, Марк Цукерберг со 54,7 милијарди долари. Кругот од петте најбогати Американци се затвора со Лари Пејџ.
Ко-основачот на „Google“ денес има богатство проценето на 52,7 милијарди долари.
Вкупното богатство на петте милијардери се проценува на 415 милијарди долари, нешто повеќе од 2 отсто од бруто домашниот производ на САД.
Петмината сепак не се најбогатите луѓе во светот, ако меѓу нив се вбројат Бернард Арно (69 милијарди долари), кој ја поседува компанијата за луксузни стоки „LVMH“, Амансио Ортега (60 милијарди долари), сопственикот на брендот „Zara“, како и Мексиканец Карлос Слим, кој денес е побогат од Цукерберг и Пејџ со неговите 57 милијарди долари.
Повеќето од милијардерите живеат во САД, но во 2018-та година Хонг Конг успеа да ја претекне земјата како место со најголема густина на луѓе кои поседуваат средства од најмалку 30 милиони долари, наречени уште ултрабогаташи.