
„Porsche“ на крајот на ноември во Лос Анџелес ја одржа премиерата на целосно новата генерација на моделот „911 Carrera“.


„Porsche“ на крајот на ноември во Лос Анџелес ја одржа премиерата на целосно новата генерација на моделот „911 Carrera“.
Во најголемиот калифорниски град дебитираше купе верзија, а месец ипол подоцна имам можност да погледнеме како изгледа и кабриолетот.

Дизајнерски сличен на купето, моделот со мек покрив на преклопување во однос на претходникот има одредени подобрувања, кога станува збор за брзината на подигнување/спуштање на платнениот покрив.

Двата процеси траат околу 12 секунди, а покривот може да се подигне или спушти и во возење, но само до 50 km/h. Кога платнениот покрив е спуштен, се активира дефлектор со цел да се намали струењето на воздухот во кабината, а со тоа возењето да биде поудобно.

„Porsche“ новиот „911 Cabriolet“ на стартот на продажбата ќе го понуди само во верзиите „Carrera S“ и „Carrera 4S“.
Двете верзии се опремени со 3.0-литарски „twin-turbo“ мотор со шест цилиндри кој испорачува 450 ks (331 kW) и располага до максимален вртежен момент од 530 Nm.

Моторот е поврзан со новиот осумбрзински менувач со двојно квачило, благодарејќи на кој „Carrera S“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3,7 секунди и достигнува максимални 306 km/h.
„Carrera 4S“, со погон на сите 4 тркала од место до „стотка“ стигнува за 3,6 секунди, а најголемата брзина изнесува 304 km/h.
Цената на „Porsche 911 Carrera S Cabriolet“ во САД започнува од 126.100 долари, a пак верзијата „4S“ ќе чини од 133.400 долари.