25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова универзална платформа на Renault и Nissan

Нова универзална платформа на Renault и Nissan

platforma

„Renault“ и „Nissan“ претставија нова механичка платформа наречена „Common Module Family“ (CMF). Платформата е предвидена за широка палета на идните модели на двата производители и се очекува да донесе значајни заштеди во текот на процесот на дизајнирање и производство.

Дизајнирана со максимална флексибилност, „CMF“ не е платформа во традиционална смисла, туку претставува комбинација на повеќе модули, како што се предниот и задниот трап, кокпитот и делот во кој се наоѓа моторот.

Оваа конфигурација овозможува „CMF“ да биде употребувана во голем број различни модели, од компактни автомобили, па се до големите кросовери. Производството на новата платформа ќе почне во текот на оваа година, а првите модели кои ќе бидат базирани на неа се новите „Nissan Qashqai“ и „X-Trail“.

„Renault“ ќе почне да ја користи кон крајот на 2014-та година и тоа на следната генерација на моделите „Laguna“, „Espace“ и „Scenic“.

Во „Renault-Nissan“ сметаат дека благодарејќи на новата платформа трошоците за инженеринг и развој на идните модели на овие две компании ќе бидат намалени за 30 до 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП