21 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе чистат коловозите и тротоарите во Скопје

Се чистат коловозите и тротоарите во Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје интензивно работат на терен на расчистување на снегот од коловозите и тротоарите на градските улици и булевари, информираат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека во текот на изминатата ноќ поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“.

„Фрлени се 355 тони сол, а утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

Вчеравечер и утринава, покрај коловозите, екипите на јавните претпријатија со механизација и рачно го чистеа снегот од тротоарите. Во работата на чистењето на тротоарите ангажирани се 80 работници од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“. Паралелно со нив, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ работат на терен на чистење на сливниците.

Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите“, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму на возачите им препорачуваат да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, како и истите да не паркираат на улиците и булеварите и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба.

До граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти, од Град Скопје, пак, апелираат да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар