22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачот на Oracle веќе е втор по големина индивидуален инвеститор во Tesla

Основачот на Oracle веќе е втор по големина индивидуален инвеститор во Tesla

Основачот на „Oracle“, Лари Елисон стекна удел од „Tesla“ во вредност од 1 милијарди долари, што го прави втор по големина индивидуален инвеститор во производителот на автомобили по неговиот близок пријател Илон Маск, пишува „Bloomberg“.

Инвестицијата беше потврдена во документи поднесени до регулаторите, помалку од две недели откако Елисон се приклучи на одборот на „Tesla“.

74-годишниот Елисон индиректно поседува 3 милиони акции во „Tesla“ преку „Lawrence J. Ellison Revocable Trust“, покажуваат документите. Уделот од 1,75% го прави вториот најголем поединечен инвеститор по Маск. Главниот извршен директор на „Tesla“ поседува една петтина од компанијата, покажуваат податоците на „Bloomberg“. „Тесла“ го објави назначувањето на Елисон во бордот на 28-ми декември.

„Tesla“ која се опоравува од една турбулентна година во која не успеваше да ги исполни производствените цели за „Model 3“, стана еден од највисоко оценетите производители на автомобили во светот.

Во 2018-та година Маск предизвика скандал, како напиша на „Twitter“ дека планира да ја направи компанијата повторно приватна и има го потребното финансирање за целта. Комисијата за хартии од вредност и берзите во САД сепак започна истрага и евентуално го казни него и компанијата за лажните информации, што влијаеше на цената на акциите.

Износот што Маск и „Тесла“ мораа да го платат беше 20 милиони долари. Освен тоа Елисон и специјалистот за човечки ресурси Кејтлин Вилсон-Томпсон беа назначени за членови на одборот на директори.

Елисон е деветтиот човек по богатство во светот, со нето состојба од 51,4 милијарди долари според „Bloomberg Billionaires Index“.

За време на состанокот на „Oracle“ со аналитичари во октомври тој објавил дека купува сопствен удел во „Tesla“ и тоа е втор по големина индивидуален удел во компанијата. Тој, исто така, критикуваше како медиумите ги одразуваат активностите на Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП