26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBosch отпушти стотици вработени

Bosch отпушти стотици вработени

Германскиот автомобилски поддоставувач „Bosch“ лани скрати бројни работни места во областа на погонските технологии како резултат на „Дизелгејт“.

Во фабриките во Хомбург во Заарланд и Бамберг во Баварија биле скратени вкупно 600 работни места, изјави одговорниот директор на единицата Уве Гакшатер за „Automobilwoche“.

Портпаролот на компанијата појасни дека при половина од отпуштените станува збор за вработени кои се сакале предвремено пензионирање, а другата половина се со необновени договори на определено време. Бидејќи побарувачката на дизел автомобили се намали, клиентите исто така, бараат помалку компоненти на „Bosch“, објасни портпаролот.

Според „Automobilwoche“, претставниците на вработените, исто така, се плашат дека ќе има нови намалувања на работните места во оваа година. Од Bosch се одлучија да не дадваат никакви предвидувања. Компанијата има околу 50.000 вработени ширум светот, од кои околу 15.000 се во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП