13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОткриена мрежа на фиктивни компании кои од Русија изнеле 18 милијарди евра

Откриена мрежа на фиктивни компании кои од Русија изнеле 18 милијарди евра

rusija6

Сопствениците на големата мрежа на фиктивни компании во периодот од 2010 до 2012 година незаконски од Русија изнеле околу 760 милијарди рубљи (околу 18 милијарди евра), изјави директорот на Централната банка на Руската Федерација, Сергеј Игнатијев.

Според Игнатијев, во Централната банка на Русија од Министерството за внатрешни работи пристигнало барање за проверка на активностите на поединечни компании.

Централната банка во текот на проверката открила дека организациите наведени во барањето сочинуваат „мал дел од големата мрежа“, која се состои од 1,173 фиктивни компании.

Игнатијев објасни дека персоналот на Централната банка во текот на проверката ги истражил директните плаќања направени од страна на организацијата.

Како што истакна директорот на Централната банка на Русија, компаниите биле во сопственост на лица чии имиња се појавуваат во „една веќе покрената постапка“.

Игнатијев, на прес конференцијата за новинарите, не истакна за каков вид на прекршок станува збор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП