24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ покрај Brexit: Велика Британија е погодна за работа за странци

И покрај Brexit: Велика Британија е погодна за работа за странци

Велика Британија се искачи на листата на „HSBC“ за најдобри места за работа за странци, иако владата планира да воведе рестрикции за странските државјани во земјата, пренесува „Bloomberg“.

„Глобалниот талент отсекогаш го поддржувала меѓународната конкуренција меѓу висококвалификуваните кадри, која се чини дека не забавува“, се наведува во објавениот извештај на „HSBC“.

Во рангирањето на финансиската компанија, Велика Британија е трета по Германија и Бахреин. На овој начин Велика Британија се искачува со 6 места на листата во однос на претходната година.

Островот ја предводи категоријата за учење на нови вештини и е на четврто место по подобри услови за напредување во кариерата, забележува банката.

Велика Британија планира да стави крај на слободното движење на луѓето по напуштањето на Европската унија (ЕУ). Премиерот на земјата Тереза ​​Меј соопшти дека земјата ќе дава приоритет на мигрантите со соодветни вештини за високоплатените работни позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП